Три години по почетокот на продажбата, четвртата генерација на францускиот бестселер добива нов мотор

Станува збор за дизел агрегат, сосема нов во понудата на компанијата – 1.7-литарски мотор од таканаречената „сина“ серија кој дава максимум 110 kW / 150 КС, додека максималниот вртежен момент од 340 Nm е достапен на 1.750 вртежи во минута.

Истиот е спарен со 6-степен автоматик со две спојки, што овозможува француски компакт до 100 km/h да спринта за 9,3 секунди. Караванот е побавен за 0,2 секунди, а двата модела може да забрзаат до 200 km/h. Просечната потрошувачка на гориво е 4,6 l / 100 km. Овој модел на францускиот пазар се нуди по почетна цена од 32.800 евра, додека караванот чини 1000 евра повеќе.