Ниту еден нов Volvo модел, освен спортските модели Polestar, не може да се купи без ограничување на брзината од 180 km/h

Автомобилите направени во Шведска не одат побрзо. Додека германското премиум трио (BMW, Mercedes и Audi) најавуваат дека тие немаат намера да ја ограничат брзината на нивните возила на вредност што е премногу ниска за нив, Volvo не жали:

„Сметаме дека навистина нема причина некој да вози побрзо од 180 km/h. Сите зборуваат за опасностите поради брзото возење и никој не прави ништо по тоа прашање“, објаснува Малин Ехолм, директорката на Центарот за безбедност на Volvo, во интервју за Autocar.

Ехолм зборува и за историјата – „пред дваесет години, за задоволство при возењето голема брзина не беше нужна, бидејќи автомобилите не беа толку напредни и стабилни. Ние во Volvo сметаме дека дури и денес задоволството од возењето може да се постигне на други начини освен автомобилите да одат побрзо од 200 km/h“. 

 

Се согласувате ли?