Nissan планира нов SUV модел за Европа
Охрабрени од одличните продажни резултати на нивните кросовери, челниците на јапонскиот Nissan планираат нов SUV модел за Европа
Nissan Juke е еден од најпопуларните компактни кросовери на „Стариот континент“, Qashqai меѓу најпродаваните модели, а и најголемиот X-Trail е добро позициониран.
Јапонскиот производител веќе ја претстави новата генерација на Juke, следната година доаѓа новиот X-Trail, а Qashqai ќе добие освежување. Потоа, кон крајот на 2020 или почетокот на 2021 година, би можел да пристигне и електричен кросовер базиран на концептот Ariya од оваа година. Овој кросовер на Nissan ќе се заснова на архитектура на Renault, што би можело да го приближи до премиум сегментот.
Веќе има шпекулации и за потенцијална цена – 50.000 до 70.000 евра.