Formula 1 е на највисоко ниво во својата историја, Audi наскоро ќе има свој тим, Ford ќе се здружи со Red Bull, а Andretti своите планови ги прави со поддршка на General Motors. Но, новиот извештај вели дека Porsche се откажал од влегувањето во F1 светот

Гласините за влезот на Porsche во Formula 1 постоeja многу долго време, за да во мај 2021 година, тогашниот директор на VW Group Херберт Дис потврди дека марката од Штутгарт ќе ги искористи новите правила за 2026 година и ќе влезе во Formula 1. И додека групацијата VW ќе ја претставува Audi кој ќе го преземе тимот на Sauber, се чини дека надежите за присуство на Porsche се намалуваат. The Race известува дека германскиот производител ја завршил својата формална проценка на програмата.

Porsche планираше да купи 50 отсто од акциите во Red Bull Racing и тоа би бил соодветен договор за производителот бидејќи ќе обезбеди мотор и капацитет за развој благодарение на одделот Red Bull Powertrains. Сепак, набрзо стана јасно дека Red Bull не сака да се откаже од контролата врз дивизијата и затоа одлучи да се здружи со Ford од 2026 година.

Ова го остави Porsche со ограничени опции. Можноста Volkswagen да го купи или да инвестира во McLaren, наводно, исто така пропаднала, оставајќи го Porsche со опција да ги ребрендира моторите на Ауди и да стане снабдувач на друг тим, но таа опција не е атрактивна. Со оглед на фактот дека нема други тимови за продажба, единствената опција на Porsche е да започне од нула и да се пријави како нов тим бидејќи FIA го отвора процесот за зголемување на бројот на тимови на гридот од 10 на 12 од 2025 година. Сепак, тргнувањето од „нула“ би претставувало значително повисоки финансиски инвестиции од претходните опции.

Ако Porsche успееше да го реализира својот план, тоа ќе беше прво негово враќање во Formula 1 по партнерството со Footwork во 1991 година. Со оглед дека плановите се „мртви“, Porsche ќе се фокусира на својата програма во Formula Е и ќе се врати на Ле Ман.