Нирбургринг повторно во календарот на Formula 1?
Нирбургринг е во преговори со Formulа 1 за враќање во „најбрзиот циркус во светот” од 2019 година
Актуелните финансиски предизвици и промената на сопственоста во 2013 година беа пречка познатата патека да биде домаќин на Formulа 1 караванот. Меѓутоа, кога Мирко Маркфорт за презеде функцијата извршен директор во март 2016 година, започнаа и плановите за враќање во Formulа 1.
Liberty Media е одлучна да ги задржи трките во срцето на Европа, со тоа што Гран При на Франција се враќа во календарот за прв пат по 2008 година.
Маркфорт е решен Нирбургринг да го врати во Formulа 1, а се шпекулира дека тој се сретнал со Кери Чејс во Абу Даби, последната трка од минатата сезона.
„Ние навистина би сакале да имаме Formulа 1 трка на Нирнбургринг во 2019 година“, вели Маркфорт. „Ова ќе биде можно само ако постигнеме рационално економско опкружување. Можеме да потврдиме дека имаше разговор со сопственикот на Formulа 1, Liberty Media“.
Нирбургринг бил домаќин на 40 Големи Награди, од кои првата е одржана во 1951 година. Оваа патека се соочува со остра конкуренција за да обезбеди место во календарот. Во септември, Шон Бречиз добил околу 40 писма со намери од заинтересирани страни.
Се шпекулира дека приоритет на првите луѓе од Liberty Media е да се обезбеди уште една трка во САД, а меѓу главните опции се Лас Вегас, Њујорк и Мајами.