Никој ништо не и може: Tesla рекордно во третиот квартал од оваа година
Американската марка бележи се подобри резултати во областа на производството и испорака на возила
Се чини дека деновите кога Tesla се мачеше со производствениот процес се „далечно“ минато. Така, американскиот производител испорачал дури 241.300 автомобили во текот на третиот квартал од оваа година! Тоа е и нов рекорд за компанијата на Илон Маск, за 40.000 возила повеќе од претходниот рекорд!
Се разбира, најголемиот дел од продажбата се однесува на дуото Model 3 и Model Y. Овие два модела учествувале со дури 232.025 единици, додека остатокот од продадените единицу се однесуваат на Model S и Model X
Во однос на производството, бројките се малку пониски во однос на количината на испорачани возила. Кога станува збор за Model S и Model X, произведени се вкупно 8.941 единици, а во истиот период произведени се вкупно 228.882 автомобили.
Прогнозите на експертите се многу контрадикторни кога станува збор за успехот на Tesla во последниот квартал. Некои веруваат дека Американците тешко ќе го надминат овој резултат со направени повеќе од 241.000 единици, додека други посочуваат дека фабриката на Tesla во Германија наскоро ќе започне со работа и дека тоа може да доведе до „магична“ бројка од четврт милион електрични автомобили произведени во едно тромесечие.
Како и да е, Tesla е во голем налет и ниеден друг производител засега не може да и конкурира во EV сегментот. Барем не во моментов.