Возачот на Haas, Никита Мазепин нема да настапи на денешната трка за ГН на Абу Даби. Тој е позитивен на тестот за Ковид-19

Рускиот возач ги одработи тренинзите и квалификациите, но доби позитивен резултат од тестот и ќе мора да ја пропушти последната трка од сезоната. Тимот соопшти дека Мазепин се чувствува добро и има само благи симптоми на болеста, но според правилата мора да оди во самоизолација.

Резервниот возач на Haas, Пјетро Фитипалди, е во Абу Даби, но не може да се натпреварува на трката бидејќи не учествувал на ниту една сесија овој викенд. Така, Haas на патеката ќе има само еден болид, оној со кој управува Мик Шумахер. Германецот ќе стартува од последната 19-та стартна позиција.