Иако вознемирен од „огромната дупка“ на левата лента, возачот наместо да ги предупредува другите за опасноста, решил да ги сними нивните реакции.

На социјалните мрежи се прошири неверојатно видео од преплашен возач кој целосно го запрел својот автомобил на влез во тунел. А сцената пред збунетиот возач изгледа како сцена од хорор филмови.

Иако вознемирен од „огромната дупка“ на левата лента, возачот наместо да ги предупредува другите за опасноста, решил да ги сними нивните реакции.

Кога сфатил дека се работи за оптичка илузија, возачот продолжил по својот пат.

Иако оригиналното видео е отстрането од Инстаграм поради вулгарен речник, брзо се прошири и на другите социјални мрежи на кои не им е многу важен начинот на изразување. Ваш е изборот дали ќе го исклучите аудиото.