Многу светски експерти во нафтениот сектор веруваат дека цената на нафтата ќе се врати далеку под 100 долари за барел

Дека светот во кој живееме е чуден, веројатно одамна знаевме, но сега имаме и вистинска потврда на тоа. Руската инвазија на Украина ја разоткри целата светска политика, па сега е многу појасно како функционираат работите. Водењето ваква војна во 21 век е доказ дека како најинтелегентни суштества на планетата Земја сепак ништо не сме научиле од лекциите од минатото.

А сето ова повторно доведе до војна, разурнување, човечки жртви… овојпат во Европа. Последиците се повеќе од очигледни за сите. Галопирачка инфлација, раст на цената на нафтата… Некако е неверојатно дека некои земји активно ја поддржуваат Украина во војната, а во исто време и дозволуваат на Русија да води војна со купување енергетски ресурси од неа. На ниво на Европската унија нема договор за ембарго на нафта кон Русија, а се покажува дека противник на тоа не е само Унгарија. Тука се и Словачка, Чешка, Финска, Литванија и Германија, кои се исклучително зависни од руската нафта и гас. Иако многу од нив декларативно се подготвени да се откажат од руските енергенси, словачкото и унгарското вето веројатно им оди во прилог, така што, барем однадвор гледано, притисокот врз двете земји изгледа млак. Пред инвазијата на Украина, Европа увезуваше 2,7 милиони барели нафта дневно од Русија и 1,5 милиони барели нафтени деривати, главно дизел.

Сега се доаѓа до заклучокот, а тоа е дека многу светски експерти од нафтениот сектор сметаат дека ситуацијата во која Европската унија нема да има јасен став за санкциите ќе ја врати цената на нафтата далеку под 100 долари за барел односно до крајот на годината нафтата може да чини околу 70 долари. Во моментов барелот се продава за 114 долари (Брент).