Најновиот модел на Ferrari беше претставен во Мароко и ќе продолжи таму каде што застана слично замислениот отворен модел Portofino M

Претпоставките за новиот модел од Маранело беа точни, бидејќи по кратката најавна кампања, Ferrari во Мароко го претстави моделот Roma Spider со кој ќе ја продолжи приказната која започна со моделите California и Portofino.

И атрактивната „open-air“ Roma ја придвижува 3.9-литарски V8 мотор кој со помош на два турбополначи развива 620 коњски сили при 7.500 вртежи во минута и 760 Nm врвен вртежен момент од 3.000 до 5.750 вртежи во минута. За преносот на моќноста на задната осовина задолжен е супербрзиот 8-брзински автоматски менувач со двојна спојка.

Малото зголемување на масата во однос на купе верзијата не ја спречува Roma Spider од 0 до 100 km/h да стигне за 3,4 секунди, што е еднакво на резултатот на купето, а љубителите на изданијата на Ferrari со поглед кон небото, се воодушевени со одлуката во Маранело според која концептот на тврд преклопен покрив овојпат отстапил пред традиционалниот повеќеслоен платнен покрив, кој може да се спушти/подигне за 13,5 секунди со притискање на копче (со брзина до 60 km/h).

Ferrari сè уште не ја објавил цената за Roma Spider, чија кабина само во детали се разликува од кабината на Roma Coupé, а сосема е јасно дека конфигурацијата на седиштата 2+2 е наклонета пред се на возачот и совозачот.