Неплатените казни за сообраќај од ЕУ пристигнуваат на вашата домашна адреса / ВИДЕО
Најдобар начин да се избегне плаќањетo казнa во странство е да не се прекршуваат сообраќајните регулативи
Оваа година поради пандемијата на коронавирус, многу нешта кои сте ги планирале, неизвесно е дали ќе се реализираат. Тука секако спаѓаат и годишните одморите, бизнис патувањата… Многумина ги одложија за подобри времиња, но не е мал бројот и на оние кои сепак ќе патуваат.
Она што треба да го знаат оние што сепак решиле да патуваат е дека неплатени сообраќајни казни за прекршоци направени на територијата на ЕУ, без исклучок пристигнуваат на домашна адреса. А ако не платите … тогаш може да имате голем проблем.
Инаку, казните во ЕУ за кршење на сообраќајните регулативи не се мали. За брзина поголема од дозволеното во тунели и на автопат, казните се движат од 150 до 450 евра, за минување на „црвено“ 350 евра, а за непрописно вртење од 150 евра. Не се мали казните ниту за непрописно паркирање, кое може да ве чини и до 150 евра.
Ако размислувате да не ја платите казната, откажете се од таа идеја – не се исплаќа, затоа што може да се случи да, на пример, ви биде забрането да влезете во сите земји членки на ЕУ заради неплатена казна од 80 евра за на пример возење со брзина поголема од дозволеното во некое мало градче во ЕУ.
Извор: B92