Неокласика на кинески начин: Great Wall Chaopai
Ретко шармантно, со почит кон сите оние кои ќе почувствуваа можеби сосема друг вид сензација кога ќе го погледнат овој автомобил
Кинеските производители на автомобилските салони знаат да претстават порадикална визија за неприроден футуризам, но се чини дека ова е сосема поинаков стил. Great Wall Chaopai веројатно е главниот скапоцен камен на тековниот салон за автомобили во Пекинг.
Возилото е дизајн на Фил Симонс, кој во 2018 година ја напушти позицијата шеф на надворешен дизајн на возилата на Land Rover во 2018 година за да се пресели во Кина и ја презеде диригентската палка во одделот за дизајн на брендот Haval, кој инаку работи под контрола на Great Wall Motor Corporation.
Автомобил од овој формат во никој случај не е својствен за дизајнерската насока која ја промовира брендот Great Wall, иако тоа треба да се разбере исклучително условно. Имено, оваа компанија работи од 1984 година, што е прекратко време за да може да зборува за некаков генерален „стил“ на компанијата. Дури и на кинескиот пазар, Great Wall нема оставено значајна трага или барем уште не.
Од друга страна, моделот Chaopai е инспириран од автомобили кои крстосувале по улиците во текот на 1950-тите и 1960-тите, но не на патиштата во Кина. Во исто време, концептот има предни светлосни групи изработени во најмодерна ласерска, матрикс технологија, камери наместо ретровизори, како и гуми со низок профил.
Седанот, изработен во тотално ретро стил, нуди можност за транспорт до четири лица, во амбиент што не навраќа во минатото, но дише со најнова технологија. Така, имплементирани се дигитални екрани, клима уред, тука се и отворите за вентилација со атрактивен дизајн…
Што се однесува до техничките детали, е нив скоро и да ги нема. Електрична платформа, адаптибилен темпомат, трето ниво на автономно возење…
Она што е најважно е дека електричниот автомобил наскоро ќе се појави во гамата на производителот, и тоа за многу кратко време. Колку кратка? Тоа сепак ќе остане енигма.