Необична привлечност: новиот Toyota Yaris Cross Adventure
Во текот на првите 12 месеци од продажбата, Toyota Yaris Cross Adventure ќе биде достапна и во модификација Premiere Edition
Toyota Yaris Cross својот прв официјален настап го имаше пред скоро една година и веќе доби визуелна надградба во форма на Gazoo Racing третман. Верзија со топ перформанси нема да има, но јапонскиот производител тукушто претстави уште една верзија во линијата. Запознајте го Yaris Cross Adventure.
Суфиксот Yaris Cross Adventure одговара на новиот пакет на опрема кој карактерно го разликува во однос на стандардната верзија прикажана при дебито на моделот минатата година. Новиот трим е дизајниран „за живот надвор од урбаните улици, за време поминато во истражување и уживање во природата и надвор од отворените патишта“.
Визуелно, Adventurе лесно се разликува по новиот заштитен бампер и новиот дифузер напред. Тука се и сребрените шини на покривот и 18-инчните алуминиумски тркала со темно сива завршница. Totoya создала слична теренска атмосфера и во ентериерот со инсталирање на дополнителни елементи од пијано-црна боја, специјални седишта…
По аналогија со стандардниот модел, новата верзија исто така е изградена на платформата TNGA, но со специјално развиена каросерија со зголемена цврстина.
Придвижувањето на Yaris Cross Adventure е доверено на стандарден хибриден погонски систем, кој вклучува 1.5-литарски бензински мотор и електромотор. Вкупната моќност на системот е 115 КС, комбиниран со варијабилен менувач, како и со интелигентен погон на четири тркала, кој се активира во зависност од структурата на патот.
Во текот на првите 12 месеци од продажбата, Toyota Yaris Cross Adventure ќе биде достапна и во модификација Premiere Edition. Се одликува со кожни седишта, електрична контрола на задната врата, head-up дисплеј и специјални 18-инчни тркала во две бои.
Продажбата на новата верзија на Toyota Yaris Cross во Европа ќе започне на есен, но нарачките ќе се примаат веќе од следниот месец.