Неколку заинтересирани купувачи за Ducati
Агенцијата Reuters неофицијално дознава дека Volkswagen добил писма со намери од неколку заинтересирани купувачи за марката Ducati
Во следните пет години, Volkswagen ќе ја одреди судбината на спортскиот дел од концернот, во кој покрај Ducati, се и Lamborghini и Bugatti (кој неодамна беше поврзан со Rimac Automobili).
Volkswagen ја анализира иднината на Lamborghini, Bugatti и Ducati како дел од пошироката потрага по подобра економија, бидејќи се префрлува на производство на електрични автомобили и обид за дуплирање на својата вредност на 200 милијарди евра.
Намерите може да резултираат со технолошки партнерства за автомобилите и мотоциклите од спортските брендови, преструктуирање или други опции, вклучително и излез на берза или продажба.
Сè уште не е сигурно дали Volkswagen ќе се согласи да започне со формален процес на продажба, но за да биде продажбата можна на почетокот од следната година, инвеститорите и банкарите треба да ги проценат очекувањата за цените и потенцијалното стратешко вклопување, вели извор за Reuters.
Volkswagen се обиде да го продаде Ducati во 2017 година, кога Bajaj Auto во партнерство со КТМ и Polaris и приватните акционерски групи Bain, PAI и Investindustrial изразија интерес за купување на италијанската марка на мотоцикли. На продажбата се спротивстави раководството на работничкиот синдикат, па истата беше одложена.
Како дел од стратегијата, Volkswagen прави планови и за рационализација на Lamborghini, па така според извори на Reuters, Германците ги убедиле банкарите и потенцијалните инвеститори италијанскиот производител на спортски автомобили да излезе на берза, и тоа можеби веќе следната година.