Добрата вест е што Alfa Romeo Tonale изгледа исто како студиската верзија – барем кога станува збор за клучните елементи

Alfa Romeo Tonale – што ќе има под хаубата?

Што се однесува до палетата на мотори, на клиентите ќе им биде понуден дизел со 130 КС (со погон на предните тркала и 6-степен автоматик со двојна спојка), како и 4-цилиндeрски турбо бензинци со 130 КС и 160 КС (со mild-hybrid 48V технологија, преден погон и 7-степен автоматик со двојна спојка). На некои пазари ќе биде достапен и бензинец со 256 КС, со 9-степен автоматски менувач и погон на сите тркала.

Секако, најголемо внимание привлекува plug-in хибридниот погонски систем за врвната верзија, со 275 КС, 6-брзински автоматски и погон на сите тркала. Автомобилот ќе може да се движи до 80 километри во урбаните средини само во електричен режим.

Во гамата на Alfa, Tonale ќе заземе позиција под моделот Stelvio, за што потврда се неговите димензии: должина 4.528 mm, ширина 1.835 mm, висина 1.604 mm и меѓуоскино растојание 2.636 mm.

Сега останува само да почекаме денес до 15 часот за останатите спецификации и цените.