Некои ќе ја обожаваат, некои ќе ја мразат: Ова е новата BMW Серија 7 / ФОТО+ВИДЕО
За прв пат од своето деби во 1977 година, Серија 7 доаѓа и во целосно електрична верзија i7
BMW целосно претстави два предводнички модели, а двоецот, според зборовите на првите луѓе на Баварците, претставува „технолошка магија во својето најдобро издание“. Серија 7 влегува во својата седма генерација, но она што можеби е најважно е тоа дека за прв пат од своето деби во 1977 година, Серија 7 доаѓа и во целосно електрична верзија i7.
Сето тоа е дел од големата стратегија на BMW насочена кон иднината и електрификацијата. Извршниот директор Оливер Ципсе веќе изјави дека новите електрични модели ќе почнат да пристигнуваат многу на почетокот на следната година, откако компанијата го потпиша Парискиот климатски договор за целосно електричен опсег во иднина.
Според официјалните проценки, BMW Group би можела да има дури 10 милиони електрични возила до 2030 година, а i7 ќе им се придружи на веќе претставените iX и i4.
На почетокот BMW ќе понуди две верзии на Серија 7 со мотори со внатрешно согорување – основен модел со шест цилиндри и помоќен V8. Основниот 740i ќе користи надградена верзија на 3.0-литарската редна „шестка“ на BMW со турбо, а неа ќе и помага 48-волтен благ хибриден електромотор.
Ова ќе комбинирана моќност од 375 КС и 520 Nm вртежен момент, што е подобрување за 40 КС во однос на моделот во заминување. Спринтот до стотка за 740i според фабричките податоци е 5,0 секунди.
Помоќната варијанта е 760i xDrive која добива 4.4-литарски V8 со две турбини и истиот благ хибриден асистент, што дава вкупна моќност од 536 КС и 750 Nm вртежен момент. За разлика од 740i, 760i xDrive до 100 km/h може да забрза за 4,2 секунди. Двете верзии ќе го користат истиот осумстепен автоматски менувач што го има и кај другите нови BMW модели.
Што се однесува до електричната Серија 7, која BMW официјално ја нарекува i7 xDrive60, таа ќе користи два електромотори и батерија од 101,7 kWh со корисна енергија за да произведе комбинирана моќност од 536 КС и 744 Nm вртежен момент. Ова значи дека i7 може да забрза до 100 km/h за 4,5 секунди, на пат кон електронски ограничена максимална брзина од 240 km/h. Што се однесува до максималната брзина за варијантите со внатрешно согорување, таа е ограничена на 250 km/h.
Следната година BMW планира проширување на гамата со додавање на уште две електрични опции и plug-in хибрид со значката М. Првиот од нив е M760e xDrive, plug-in хибрид кој треба да пристигне во пролетта 2023 година и ќе комбинира 3.0-литарска редна „шестка“ со електричен мотор за комбинирана моќност од 571 КС и 800 Nm.
Подоцна во 2023 година доаѓа целосно електричниот i7 M70 xDrive кој ветува над 600 КС и 1000 Nm вртежен момент на двете оски. За него, BMW наведува дека тоа ќе биде „најагилниот патен автомобил што компанијата некогаш го направила кој до 100 km/h ќе забрзува за 4 секунди“.
BMW проценува дека вкупниот ЕРА домет на возење за i7 xDrive60 ќе биде околу 483 километри за САД, иако таа бројка сè уште не е официјално потврдена. А за максимално полнење, i7 може да се полни со брзина до 195 kW на брзи полначи, што му овозможува да добие околу 130 километри досег за десет минути.
Секоја Серија 7 доаѓа со стандарден четириаголен систем за воздушно потпирање со автоматско самонивелирање и електронски контролирани амортизери. Прилагодливата суспензија ја спушта Серија 7 за 1 cm во спортски режим или ја подига до 2 cm за нерамни патишта или мали пречки. Додадено е и интегрирано адаптивно управување, кое му дава на автомобилот поголема прецизност при повисоки брзини, благодарение на управувањето на задните тркала до 3,5 степени.
Во однос на дизајнот, новата Серија 7 претставува силно отстапување од моделот во заминување, а новиот дизајн донесува поделени фарови. Предниот дел е фокусната точка овде, со големи бубрежни решетки и нови разделени светла кои стануваат нов стилски потпис на BMW. На i7 можеме да видиме сини акценти, додека варијантите со внатрешно согорување го добиваат стандардниот M Sport стил.
Во салонскиот простор, Серија 7 ја прифаќа најновата верзија на Live Cockpit Plus на BMW која го користи најновиот софтвер iDrive 8. Напред и во средината има нов заоблен екран, составен од едно парче стакло и два големи екрани – 12,3-инчен дигитален инструмент зад воланот и 14,9-инчен централен екран на допир. Тука е и новиот Interaction Bar кој ќе го користи само новата серија 7 и има кристална површина со контроли на допир за работи како што се вентилацијата и климатизацијата.
На задните седишта патниците ќе може да уживаат во опционалниот 31,3-инчен 8K кино екран сместен помеѓу предните две седишта и овозможувајќи им на патниците пристап до услугите на Amazon Fire TV. Секој патник на задните седишта може да го контролира екранот со допир или преку два таблети од 5,5 инчи поставени внатре во панелот на вратите. Опционалниот систем за опкружувачки звук Bowers & Wilkins Diamond ги заменува стандардните 18 звучници со 36 висококвалитетни звучници. Четири од нив се дури и интегрирани во облогата на покривот, а сите 36 нудат целосна 4D аудио функција која користи магнетски контролирани вибрации за подобар бас.
BMW ја проширил и својата веќе достапна функција за асистенција при паркирање. Сега, овој систем овозможува напредно далечинско паркирање преку паметен телефон, како и нова асистенција за рикверц што му овозможува на i7 да излезе од тесна ситуација без потреба од контрола на возачот.
BMW Серија 7
[useyourdrive dir=”1POEA0jJmngSGVlok48RG1KgyaARK5LEh” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]
BMW Серија 7 – Салон
[useyourdrive dir=”1zT8VQhsPwnloK_2Lk6rpQoLlUkBW6t7r” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]
BMW Серија 7 – Технички детали
[useyourdrive dir=”1wNsjCG02Q1DubNrPuVfPQWnkRcCUBsVk” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]
BMW 760i xDrive
[useyourdrive dir=”1VwBA2ExI7L_bQBpVP_9zcDNkWX4ElADC” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]
BMW i7 xDrive60
[useyourdrive dir=”1CgjyjjAPUM335wdO3Wpw1VDwjfwbtiGN” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]
BMW M760e xDrive
[useyourdrive dir=”1-Eff3nFaT5m_3_J60XvrOyU39-1StH9X” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]
BMW Серија 7 – Претходни генерации
[useyourdrive dir=”1fmgSCjdPZfT4euejttiQ5L8vKt3ico_y” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]
Првите испораки на новата Серија 7 започнуваат во ноември оваа година. Цената на основниот 740i започнува од околу 87.250 евра, додека 760i xDrive со V8 мотор ќе чини околу 106.000 евра. Цената на електричниот пандан i7 започнува од околу 111.000 евра.