BMW планира да инвестира многу во електричните автомобили и затоа повеќе не е исплатливо да работи на развој на менувачи со две спојки

BMW

Некогаш, најголемиот хит беа менувачите со двојна спојка, најмногу поради експресното менување на брзините. Денес многу производители воведуваат класични автоматски менувачи, а BMW објави дека се откажува од менувачите со двојна спојка.

Менувачите со двојна спојка беа особено популарни во М одделот (на пример моделот М2), но BMW сега тврди дека класичниот осумстепен автоматски менувач е подобра опција и ќе се користи во иднина. Во BMW велат дека 8-степениот менувач ги има истите перформанси како и 7-степениот со двојна спојка и повеќе од тоа: поголемите брзини се поставени поблиску, врската со моторот е похармонична, потрошувачката на гориво е подобра и може да се комбинира со возила со погон на сите тркала. Менувачот со двојна спојка беше наменет само за возила со заден погон.

BMW планира да инвестира многу во електричните автомобили и затоа повеќе не е исплатливо да работи на развој на менувачи со две спојки.