На безбедносните краш тестови и симулации на судир, возилата на Volvo секогаш поминуваат одлично, но дефинитивна оценка за тоа колку возилата на овој бренд се безбедни, може да се даде по вистинска несреќа

Автомобилите на Volvo со децении се во самиот врв на автомобилската индустрија кога станува збор за безбедност при возењето. Така било во минатото, а во шведската компанија сакаат така да остане и во иднина. Затоа уште во 2008 година компанијата си постави цел, почнувајќи од 2020 година, да нема загинати во некој од моделите на овој бренд.

При испитување на безбедноста на патничките возила, еден од најсложените тестови е фронтален судир со мало преклопување.

Како во реални услови, во таков фронтален судир со камион, поминал Volvo XC70 од постара генерација може да се погледне во следното видео:

Видеото покажува дека патничката кабина останала практично недеформирана, а А-столбот на покривот (најблиску до точката на удар) не се свиткал. Исто така, возачот поминал без сериозни повреди.

Досегашните истражувањата покажуваат дека една четвртина од сите несреќи со смртен случај при фронтален судир се случуваат кога има мало преклопување помеѓу предните површини на возилата. Таквите судири најчесто се случуваат на двонасочни патишта, но исто така и при удар во бандера или дрво покрај патот. Брзината на возилата при симулација на судир во неподвижна препрека е 64 km/h, а површината на преклопување е 25%.

Лицето кое го објавило ова видео тврди дека брзината на возилото е околу 60 km/h, a видеото покажува дека контактната зона е релативно мала. Сето тоа укажува дека условите биле слични на оние во лабораторија.