За прв пат во историјата на еден голем производител на автомобили, односно од 1908 година, една жена доаѓа на позицијата финансиски директор. На оваа позиција е назначена Дивија Сурјадевара која доѓа од позиција заменик на досегашниот директор Чак Стивенс

Сурјадевара досега ја извршувала улогата на потпретседател задолжен за корпоративните финансии (во изминатата речиси една година), а во компанијата е од 2005 година.

Улогата на новоименуваниот финансиски директор во продажбата на Опел, како и инвестицијата во Lyft била многу значајна. За Сурјадевара се истакнува и улогата во купувањето на капиталот на компанијата за развој на автономна технологија Cruise Automation.

„Искуството на Дивија и лидерските вештини во клучните области на финансиското функционирање на компанијата, значително придонесоа за нашите бизнис резултати во претходните години“,рече претседателот и извршен директор на General Motors, Мери Бара.

Интересно, имиџот за еднаквоста на половите кој го негува General Motors во изминатите години, од доаѓањето на Мери Бара за претседател и извршен директор на местото на Дан Екерсон, се чини дијаметрално спротивен во однос на информациите кои доаѓаат од Qatar Airways, чиј генерален директор неодамна изјави дека „ниту една жена нема не би можела да одговори на барањата кои нему бизнис животот секојдневно му ги сервира“. Иако потоа се извини, сепак беше остро критикуван од разни организации низ целиот свет.