Не можел да поверува: Поради ова мало парче пластика, потрошил купче пари по сервиси
На почетокот тоа не било проблем бидејќи симптомите биле едвај забележливи. Но, како што одминувало времето, моторот почнувал да звучи се полошо
Еден сопственик на Subaru Impreza од 2008 година сподели приказна на Reddit, во која објаснува низ што се поминал поради чудниот звук на автомобилот, за да открие дека одговорот лежи во едноставно отстранување на мало парче пластика.
Имено, неговиот автомобил почнал да звучи чудно, а многу тресел во мирување. На почетокот тоа не било проблем бидејќи симптомите биле едвај забележливи. Но, како што одминувало времето, моторот почнувал да звучи се полошо. Потоа почнале да се вклучуваат предупредувачките светла на контролната табла. Тој не можел да ја игнорира ситуацијата, но сепак одбил да посети сервис.
Бидејќи станува збор за познавач на автомобилската технологија кој знае како работат моторите, тој првично се обидел сам да го идентификува и реши проблемот, но ништо не успевало. Тогаш решил дека е време да посети поголем експерт од себе, но исто така никој немал решение.
Откако не добил решение од овластените лица, повторно се обидел сам да го реши проблемот. Бидејќи моторот покажувал знаци на слаба компресија на двата цилиндри, тој го извлекол со помош на пријател. Исчистиле се, ставиле нови завртки и го уфрлиле останатиот потрошен материјал, но кога ја стартуваше колата повторно звучела исто.
Во тој момент, сопственикот решил да се откаже, но неговиот татко не. Тој го замолил својот син да ја остави Impreza-та во гаражата за да може уште еднаш да ја погледне, а подоцна ќе се испостави и да го реши проблемот – станува збор за мало парче пластика забодено во еден од вентилите . Решението било пред сите, но потребни биле очите и рацете на татко за да разбере што тргнало наопаку.
На крајот, сопственикот на оваа Impreza на Reddit го покажаl најскапото парче пластика во неговиот живот, кое го чинелo осум месеци трагање по проблемот и трошоци од околу 2.000 евра …