Експерти од Универзитетот Дрексел во американската држава Филаделфија предложиле додавање на специјални бактерии кон асфалтнобетонската смеса кој ќе ги направи патиштата потрајни

На овој начин научниците се убедени дека го решиле проблемот со формирање на дупки и пукнатини, кои се појавуваат на патиштата на крајот на зимата. Проблемот е тоа што во борбата против заледени површини широко се користи калциум хлоридот. Тој продира длабоко во површината на патот и влегува во реакција со калциум хидроксидот од бетонот. Ова формира сол што го уништува патот.

Од Универзитетот Дрексел предлагаат користење на бактеријата Sporosarcina pasteurii која учествува во производството на калциум карбонат, природен цемент кој ги соединува песокот и карпите.

Специјалистите спровеле серија на тестови: примероци со бетон, кои содржеле Sporosarcina pasteurii, биле изложени на раствор на калциум хлорид во текот на 28 дена. Според веб-страницата на Универзитетот, резултатите добиени од тестовите докажале дека микроорганизмите можат да го одржуваат патот многу подолго во добра состојба.

И додека во светот се бара начин за поефикасно одржување на патиштата, кај се случува нешто сосема обратно. Дупка до дупка. Во меѓувреме, опуштете се и погледнете како и за колку време се поставува асфалт во светот (неспоредливо со она што можеме да го видиме кај нас).

https://youtu.be/8jXitL53zsY