Првата трка ќе се одржи во октомври 2021 година

Звучи неверојатно, но сепак е вистина, бидејќи проектот за тркачки радио-контролирани автомобили на Месечината не е на НАСА, туку компанијата Moon Mark, а првата трка ќе се одржи во октомври оваа година, пренесува Carscoops.

Идејата на проектот е да се инспирира младата генерација да започне смели проекти. На него ќе учествуваат шест тимови од различни високо образовни институции. Тие ќе поминат прелиминарни натпревари, а до финалето ќе стигнат два од нив.

Всушност, Moon Mark е партнер на Intuitive Machines, која планира да стане првата приватна компанија која ќе слета на Месечината. Трката ќе биде дел од оваа мисија, а тркачките автомобили ќе бидат испорачани на површината преку сателит, кој ќе спроведе дополнителни експерименти. Какви точно, сè уште не е познато.

Партнер во проектот за организирање на натпреварите е и компанијата Frank Stephenson Design, компанија која работи со производители на автомобили како Ferrari и McLaren. Во проектот се вклучени и воздушната компанија Lunar Outpost, The Mentor Project и се разбира, NASA. Вселенската агенција на Intuitive Machines обезбедува место за автомобилите во првата лунарна мисија закажана за 2021 година.

Самата трка ветува дека ќе биде спектакуларна, бидејќи болидите ќе бидат така конструирани што ќе бидат во состојба да издржат удари на површината по скоковите. Контролата на самите машини ќе се врши во реално време. Ова значи задоцнување од околу 3 секунди во пренесувањето на сликата, бидејќи Месечината е на растојание од 384,400 километри од Земјата.

Автомобилите ќе бидат испорачани на Месечината со ракетата SpaceX Falcon 9 во октомври, со што ова ќе стане најскапата автомобилска трка во историјата.