Наследникот на Fiat Puntо на PSA платформа
По прекинот на производството на Punto, Fiat во моментов нема претставници во Б-сегментот во Европа.
За да се реши овој проблем, Fiat-Chrysler Automobiles (FCA) ќе ја искористи платформата на француската PSA група со која неодамна ја формираа групата Stellantis. Ова е потврдено со претходните вести дека FCA своите идни модели од Б сегментот ќе ги базира на платформата PSA CMP, што веќе ја користат новите Opel Corsa, Peugeot 208 и DS3 Crossback, кои покрај SUS имаат и целосно електрични верзии.
Како што стојат работите сега за сега, наследникот на Fiat Punta кој ќе ја користи платформата CMP пристигнува до 2024 година.
Евентуалниот изглед на новото Punto е прикажан на овој неофицијален рендер објавен од германскиот Auto Bild.
Како и новите Opel Corsa и Peugeot 208 така и новото Punto треба да добие и електрична варијанта.