Од Toyota стигна најава за промоција на целосно нов електричен SUV поставен на платформата е-TNGA на салонот во Шангај следниот месец

Јапонците овој електричен SUV модел го потврдија уште на крајот на минатата година, кога беше објавен под кодот BZ (Beyond Zero). Треба да се напомене дека премиерата ќе биде за пред-продукциски модел, додека конечната последната сериска верзија ќе пристиге нешто подоцна.

По големина, BZ (Beyond Zero) треба да биде сличен на сегашниот Toyota RAV4, но ќе има подолго меѓуоскино растојание и попространа внатрешност.

Новата e-TNGA платформа е развиена во соработка со Subaru, и ќе понуди можност за верзии со преден, заден или погон на сите четири тркала, како и складирање на батерии од различен капацитет. Покрај тоа, ќе се користи за модели со различно меѓуоскино растојание, растојание помеѓу тркалата, должина и висина.

Производството на новиот електричен SUV на Toyota ќе се одвива во Јапонија, а ќе се продава и во Европа. Кога точно пристигнува на пазарот, сè уште не е познато.