Наскоро премиера за Toyota GR Corolla / ВИДЕО
„Виновникот“ за hot-hatch варијантата на Corolla е одделот Gazoo Racing, а резултатот ќе го видиме оваа недела, со оглед на тоа дека премиерата за Северна Америка е закажана за 31 март.
GR Corolla треба да го добие истиот 1.6-литарски 3-цилиндерски турбо мотор како GR Yaris, но GR Corolla треба да има поголема моќност. Некои медиуми претходно пишуваа дека таа може да биде 219 kW / 298 КС.
Toyota GR Corolla ќе располага со 6-брзински мануелен менувач, погон на сите тркала (најверојатно), aero body кит (проширувања на браниците, модифицирани браници, заден дифузер, заден спојлер на покривот…), сет од нови алуминиумски тркала, изменета суспензија, пошироко меѓуоскино растојание, посилни сопирачки, спортски издувен систем со две издувни цевки и уреден ентериер со спортски седишта, кожен волан, спортски педали…