Ferrari објави официјален тизер за својот прв SUV модел некогаш кој ќе го носи името Purosangue и со тоа ја потврди неговата премиера за подоцна оваа година.

Затемнетата фотографија објавена на официјалниот Instagram профил на брендот доста добро покажува како ќе изгледа „муцката“ на автомобилот и ја потврдува автентичноста на фотографиите кои веќе протекоа на интернет пред неколку недели.

Purosangue со зголемено растојание од подлогата е официјално највисокиот модел во гамата на Ferrari, со масивни отвори на предниот браник и без класичната решетка на ладилникот со лента што ги поврзува LED фаровите.

Донекаде може да се каже дека изгледот на предниот дел на Purosangue е инспириран од најмоќниот модел во понудата на Ferrari – SF90 Stradale со 1.014 КС.

Ferrari за сега не кажува ништо за спецификациите на погонската група на Purosangue, но може да се претпостави дека ќе добие електрифициран склоп од моделот 296 GTB, со 2.9-литарски твин-турбо V6 мотор во комбинација со 830 КС.

Друга опција би била хибридниот твин-турбо V8 од гореспоменатиот SF90 Stradale кој произведува 1.014 КС, но сепак тоа е помалку веројатно.

Според она што е досега познато, Lamborghini Urus и Aston Martin DBX707 ќе добијат лут ривал.