Harley-Davidson конечно откри детали за својот прв електричен мотоцикл LiveWire

Harley-Davidson веќе четири години работи на LiveWire, кој има целосно електричен погон и треба да биде предводник на новата ера на познатиот производител на мотори. Воедно Harley-Davidson планира да биде светски лидер во производството на електрични мотори и до 2022 година да има комплетна понуда.

Мотоциклот Livevire е дизајниран како урбан уличен мотор со некои класични Harley-Davidson детали. Засега од Harley-Davidson се таинствени што се однесува до моќта и автономијата, но од компанијата тврдат дека моделот обезбедува директен вртежен момент и неверојатно забрзување по завртувањето на рачката за гас.

Моделот е поставен на 17-инчни тркала со гуми Michelin, Brembo систем за сопирање со дискови од 300 mm, систем против блокирање на сопирачките, ниско тежиште, како и екран чувствителен на допир на контролниот панел.

ФОТО ГАЛЕРИЈА

[useyourdrive dir=”1q3IIQAT9GVwO2EDzYSdrX0TzUM79qIG8″ maxheight=”360px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]

Дополнителни информации, вклучувајќи ја и цената, ќе бидат објавени во јануари 2019 година.