Наскоро автомобилите ќе се заклучуваат преку Google профили
Благодарение на нова апликација на Google, сопствениците ќе можат да го заклучат својот автомобил од далечина, под услов да е опремен со Android Automotive софтвер
Покрај сличните имиња, Android Automotive е малку поинаков од Android Auto. Првиот е комплетен софтвер за автомобили. Втората е популарна апликација која ви овозможува да ги користите можностите на паметните телефони на екраните од инфо-забавниот систем на автомобилите. Од друга страна, Android Automotive тукушто доаѓа во првите автомобили. Volvo и Polestar се во првите редови.
Во изворниот код за Android Automotive, Google вметнал интересни функции пронајдени од ИТ експерти кои го анализираат софтверот на гигантот Mountain View. Се чини дека сопствениците на нови автомобили со Android Automotive наскоро ќе можат далечински да ја преземат контролата врз своите возила.
Оваа функција може да помогне да се намалиат кражбите на автомобилите. Сопствениците на паметни телефони го знаат ова со години, не само со системот на Google. Во случај вашиот телефон да биде украден или изгубен, можете да му пристапите од далечина. На овој начин, можете да го блокирате уредот, да испраќате податоци до лицето што моментално го користи, па дури и да ја избришете содржината на меморијата.
Слично треба да биде и со автомобилите. Моделите опремени со Android Automotive не бараат присуство на паметен телефон за да ја користат функцијата на Google, иако благодарение на соработката на двата уреди, тоа е многу полесно. Во иднина, автомобилот, како и телефонот, ќе бидат поврзани со нашиот Google akaunt, до кој може да се пристапи преку е-поштата на Gmail.
Очигледно новите функции се појавиle во изворниот код на апликацијата Find My Device (Најди го мојот уред) која е дел од Android. Ќе има простор за профил на автомобилот, а неговото создавање ќе ви овозможи да избришете податоци и да блокирате разни функции. Google сака ова да биде можно дури и кога автомобилот не е поврзан на Интернет, но не открива како ќе спроведе една таква функционалност.
Засега, ова се експериментални функции, што не е изненадувачки особено поради многу ограничената пазарна достапност на модели на автомобили со Android Automotive. Но, Google е многу ефикасен и агресивен во популаризацијата на своите технолошки решенија. Android Auto сега може да се најде во скоро секој нов автомобил.
Сите индикации покажуваат дека наскоро ќе биде исто и со Android Automotive, кој може да го преземе пазарот на автомобилски софтвер за неколку години. Тогаш автомобилот ќе стане уште еден гаџет поврзан со нашата сметка, со сите предности и недостатоци на таквото решение.