Најуспешното Lamborghini во историјата: за 4 години -10.000 возила
Базниот модел на Huracan, кој во производство влезе во 2014 година, прославува голем јубилеј
Кога кон крајот на 2013 година заврши производството на Gallardo, од фабричките ленти биле симнати 14.022 примероци од автомобилот.
Овој резултат е постигнат во текот на нешто повеќе од една деценија колку што траел производниот век на најпродаваниот модел во историјата на италијанската компанија.
Во меѓувреме, неговиот наследник достигна 10.000 примероци за само 4 години од производството, а пред Huracan се барем уште 3-4 години, што гарантира дека ќе ја преземе титулата бестселер „Lamborghini“ за неколку години.
Јубилејниот Huracan е направен во верзија Performante и Verde Mantis зелена боја на каросеријата.
Се напојува со 5.2-литарски V10 мотор кој испорачува 640 КС (470 kW) и 600 Nm. Тоа е доволно за да се забрза од 0 до 100 km/h за 2,9 секунди, a максимalnata brzina e 325 km/h.
Иако Huracan е само na половина од производствениот живот, Lamborghini веќе размислува за наследник. Шефот на техничкиот оддел на компанијата, Маурицио Реџани, во изјава за Car & Driver вели дека моторот V10 ќе биде срцето на погонскиот систем и кај следниот основен модел.
Останува само да се види дали Lamborghini ќе посегне кон еден вид на хибридизација за да ги задоволи идните еколошки стандарди.