Возилото од старо железо е проценето на 30.000 американски долари

Во тајландската провинција Чачонгсао има неверојатно место кое се наоѓа на околу 2 часа возење од Бангкок. Таму е лоцирана и работилницата Scrap Metal Art Thailand, која се чини станала рај за гигантски роботи, статуи и неверојатни реплики на автомобили направени од остатоци.

Меѓу нив е и најуникатниот Bugatti Chiron во светот. Всушност, има два автомобила, ако се погледне видеото објавено на YouTube. Создавањето на уметнички креации од метални остатоци е нешто на што луѓето веќе се навикнати, но достигнувањата на оваа работилница оставаат без здив.

Многу пред да се стигне овој уникатен Chiron, од оваа работилница се излезени навистина ремек-дела – од Robocop до Т-800 од Терминатор и сите ликови на Transformers. Автомобилската индустрија е претставена со Mercedes 300SL Gullwing, направен целосно од запчаници, навртки и завртки.

Постои и реплика на Ferrari 250 GTO, кој има сличен дизајн, но Chiron е делото што се издвојува пред сè друго. Бидејќи е изработен од различни видови видови метални парчиња, изгледа како „лего“ во природна големина. Тука е и вториот Bugatti Chiron, кој е малку поразличен.

Според веб-страницата „Scrap Metal Art Thailand“, многу од експонатите се продадени во повеќе од 40 земји. Конкретно, овој Chiron е достапен за 30.000 долари, што е многу подостапна сума, бидејќи оригиналниот хиперавтомобил Bugatti чини најмалку 2,5 милиони долари.