Италијанскиот бренд Ferrari, познат по конструкцијата на егзотичните автомобили, го изработи најтенкиот рачен часовник на светот, а неговата цена е чудесна и е еквивалентна на сумата за која би добиле дури четири хиперавтомобили. Дебелината на овој рачен часовник е само 1,75 милиметри, а Ferrari во овој проект помош добил од Richard Mille

Првиот часовник кој е создаден како резултат на соработката помеѓу брендовите Richard Mille и Ferrari, всушност е најтенкиот механички часовник во светот со што ја презеде неофицијалната титула во оваа категорија од моделот Bvlgari Octo Finissimo Ultra.

Рачниот часовник RM UP-01 Ferrari е, како што веќе наведовме, тенок само 1,75 mm, што е приближно дебелина на две кредитни картички поставени една врз друга. Цената на еден ваков рачен часовник достигнува цифра од 1,88 милиони американски долари, за колку што се добива перјаницата на италијанскиот бренд, а пута четири. Таа улога ја има моделот SF90 Stradale со 1.000 коњски сили, чија цена во Италија започнува од 430.000 евра.

Титаниумското куќиште на часовникот RM UP-01 Ferrari е само 0,05 милиметри потенок од претходниот рекордер наречен Bvlgari Octo Finissimo Ultra. Механизмот на часовникот секако го развила партнерската компанија на Ferrari на овој проект, а имала и асистент во форма на лабораторијата Audemars Piguet Le Locle. Часовникот работи со фреквенција од 28,8 илјади вибрации на час, а има и доволна резерва на енергија за 45 часа работа.

За разлика од конкурентните решенија, калибарот RMUP-01 е направен како независна единица, а не во комбинација со куќиште. Главното тело и скелетизираните мостови се изработени од титаниум од степен 5. За да се намали длабочината, малата балансирачка плоча и безбедносната игла што го спречуваат лизгањето на анкеорт се заменети со продолжен излез на вилушката.

Висината на механизмот е 1,18 милиметри, додека тежината е само 2,87 грама. Во исто време, тежината на самиот часовник не надминува 30 грама. Рамката е прикачена на монолитната основа со тринаесет титаниумски завртки со жлебови, два прозорци под тенки кристали од сафир кои го прикажуваат тековното време и единицата за рамнотежа.

Иако часовниците со име RM UP-01 Ferrari изгледаат кревко, тие всушност можат да издржат забрзувања што ја надминуваат границата од 5.000 g. Куќиштето на часовникот околу периметарот е запечатено со гумена заптивка, круните се врамени со керамички прстени. Наведената водоотпорност е до длабочина од 10 метри. Вградена е и гумена лента. 

[useyourdrive dir=”1Td1haO-e2DSQ05NAiBAO0VmdsnSiSXZJ” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]

Тиражот во кој ќе се прави часовникот е на ниво од само 150 примероци, а ќе се нуди по цената што веќе ја наведовме (1,88 милиони долари).