La Voiture Noire е подготвен за испорака до неговиот сопственик

Најскапиот нов автомобил на планетата – Bugatti La Voiture, кој чини 11 милиони евра, е снимен веднаш до фабриката на производителот во Франција. Автомобилот ги минува последните патни тестови, по што ќе му биде доставен на новиот сопственик.

Хиперавтомобилот беше претставен во март 2019 година на Саемот за автомобили во Женева. Секако, тогаш беше прикажан прототипот, кој се задвижуваше со електричен мотор, за да може лесно да се поместува. Bugatti објави дека автомобилот чини 11 милиони евра без даноци и веќе е продаден.

Сопственикот никогаш не беше откриен, иако шпекулациите велат дека новиот сопственик треба да се бара помеѓу Кристијано Роналдо, поранешниот шеф на групата VW – Фердинанд Пиех и саудискиот принц. Бадер бин Сауд, но тоа никогаш не беше потврдено.

Сега La Voiture Noire е целосно завршен, задржувајќи го своето ексклузивно црно тело и подобрената аеродинамика. Под хаубата се наоѓа 8.0-литарски W16 со 4 турбини, развивајќи 1500 КС. Максималната брзина е електронски ограничена на 420 km/h.