Најпродаваниот модел на Audi доби освежување
Германскиот Audi го освежи својот најпродаван модел А4 во верзија Sedan и Avant за моделната 2019 година
Она што особено се истакнува во новиот дизајн на моделот претставен во 2015 година се браникот, фелните и пакетот опрема „S line competition“.
На предниот браник доминираат пентагоналните рамки на отворите за вентилациија во кои се наоѓа рамка во форма на буквата U која е имитира алуминиум, но не е тоа. Веднаш до неа, се наоѓа пластика со саќе гравура која му дава спортска нота на овој автомобил. Дизајнот на препознатливата предна решетка варира во зависност од пакетот на опремата, па така со пакетот S Line добива 3D.
Audi го променил и задниот браник во кој се инсталирани два трапезоидни издуви, меѓу кои се наоѓа преработениот дифузер кој е нешто помал од претходно.
Кога станува збор за фелните, корисниците ќе можат да избираат помеѓу 16 и 19 инчи.
Треба да се споменат и новините, како што се Turbo Blue боја на каросеријата, RS кровниот спојлер за верзијата Avant, логото на Audi на долниот дел од задните врати, црвени сопирачки, LED светла, спортско потпирање …
Пакетот S line competition, донесува и некои внатрешни промени, како што се полукожни црни спортски седишта, волан со три крака, RS карбон облоги…
ФОТО ГАЛЕРИЈА
[useyourdrive dir=”1b1BNPXyaV5-TKCbZX1-mid79jdbyFMEv” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]
Продажбата на редизајнираните Audi A4 Sedan и Avant во Германија започнува во третиот квартал од годината.