Според податоците на Jato Dynamics, минатиот месец во земјите на ЕУ се продадени нешто повеќе од 150.000 електрифицирани возила

Од нив, 71.800 се целосно електрични возила, додека останатите се plug-in хибриди. Што се однесува до вторите односно plug-in-хибридите, на чело на листата на најпродавани за месец април е Ford Kuga со 4.171 регистрации. На второ место е Volvo XC40 со 3.798 испораки, а подиумот го комплетира Peugeot 3008 кој стигнал до 3.507 клиенти.

Топ 10 најпопуларни plug-in хибриди во ЕУ во текот на месец април 2021 година:

пласман
април 2021
модел продадени единици
1. Ford Kuga 4.171
2. Volvo XC40 3.798
3. Peugeot 3008 3.507
4. Mercedes A klasa 3.184
5. BMW Serija 3 2.692
6. BMW X1 2.457
7. Seat/Cupra Leon 2.374
8. Mercedes GLC 2.221
9. Renault Captur 2.150
10. BMW X5 1.894

Кога станува збор за целосно електрични автомобили, лидер во април бил VW ID.4 со 7.335 продадени возила. Зад него, на втората позиција е уште еден Volkswagen – ID.3 со 5.735 регистрации. На трето место е минатогодишниот бестселер Renault Zoe со 4.015 испораки.

Топ 10 најпродавани електрични автомобили во ЕУ во текот на месец април 2021 година:

пласман
април 2021
модел продадени единици
1. Volkswagen ID.4 7.335
2. Volkswagen ID.3 5.735
3. Renault ZOE 4.015
4. Peugeot e-208 3.533
5. Hyundai Kona Electric 3.383
6. FIAT 500 Electric 3.240
7. KIA e-Niro 3.150
8. Volkswagen e-up! 2.925
9. Smart EQ ForTwo 2.610
10. Nissan Leaf 2.394