Италијанскиот производител објави фотографии и технички детали за Sian – првото хибридно Lamborghini

Lamborghini Sian својата официјална премиера ќе ја има на претстојниот саем за автомобили во Франкфурт (12-22 септември), а изведбата на моделот е веќе позната. Во срцето на погонскиот систем е атмосферскиот 6,5-литарски V12 мотор, истиот кој се користи и во Aventador SVJ каде произведува 770 коњски сили.

Во Sian, атмосферецот е поврзан со 48-волтен „благ“ хибриден систем, давајќи му на автомобилот дури 819 КС (602 kW). Токму затоа овој модел е најмоќното произведено Lambo во историјата.

Моќноста се пренесува на сите четири тркала, а автомобилот од место до стотка пристигнува во 2,8 секунди, што е на исто ниво како и Aventador SVJ. Максималната брзина е 350 km/h.

Од Lamborghini дополнуваат дека Sian од 30 до 60 km/h забрзува за само 0,2 секунди, а од 70 до 120 км на час за само 1,2 секунди.

ФОТО ГАЛЕРИЈА

[useyourdrive dir=”1FjZEyZr-SdJ0HCI5dlooX2eHwjzewf-p” maxheight=”70%” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]

Италијанскиот производител планира ограничено издание од 63 возила, со почетна цена од 3,3 милиони долари по примерок. Иако сумата е висока сума, тоа очигледно не претставувало пречка сите 63 примероци да бидат распродадени уште пред премиерата.