Новиот суперавтомобил на британската компанија ќе биде направен во ограничена серија, ќе го носи духот на марката длабоко вкоренет во дизајнот и перформансите и ќе биде оптимизиран за спортско возење

Британскиот производител McLaren ја збогати својата и онака атрактивна понуда на суперавтомобили кои малкумина можат да си дозволат. Името е McLaren 765LT Spider и е најмоќниот сериски кабриолет некогаш произведен.

Ознаката 765 во името на овој модел доаѓа од фактот дека вградениот 4-литарски твин-турбо V8 мотор ќе произведува точно 765 коњски сили. Покрај тоа, ќе се карактеризира со 800 Nm вртежен момент, максимална брзина од 330 km/h и забрзување од нула до 100 km/h за 2,8 секунди. 

„Го развивме 765LT Spider без компромис, возбудлив е исто како и купето, но со дополнителна предност што карактеристичниот звук сега ќе биде уште поблиску до возачот“, велат од McLaren.

Верзијата Spider се разликува од споменатото купе токму по својот подвижен тврд покрив. Изработена е од едно парче јаглеродни влакна и се преклопува за само 11 секунди при брзина помала од 50 km/h. Вкупно 80 килограми се „заштедени“ на тежината на возилото, во споредба со купето. Интересно, за да се намали тежината на возилото, McLaren не инсталирал стандардно аудио систем во него. Можно е да го добиете бесплатно, но го нема во сериската понуда. Од пакетот за удобност, останува само централниот 8-инчен екран на допир.

[useyourdrive dir=”1204TYZjNHI7UCNg-corOQWPg7ahrOtu1″ maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]

Компанијата планира да произведе само 765 примероци од овој кабриолет, а нарачки веќе се примаат. Почетната цена е малку повисока од 310 илјади британски фунти. Нарачката за оваа година е веќе пополнета, велат од фабриката.