Porsche и гигантот за анимација Pixar се здружија за да создадат едно од најнеобичните Porsche модели во историјата на германскиот бренд

Автомобилот „својот живот“ го започнал како Carrera GTS од 2022 година, но потоа е темелно преработен за што повеќе да личи на автомобилот од цртаниот филм Cars, чиј изглед е инспириран од Porsche 911 серија 996 од 1997 година. Автомобилот ќе биде ставен на аукција на 20 август за време на Неделата на автомобили во Монтереј.

Porsche овој проект го започнал минатиот ноември кога Pixar се обратил до Sonderwunsch одделот на Porsche со планови да се создаде автомобил кој ќе изгледа што е можно поблиску до ликот од популарниот цртан филм. Проектот е завршен за само 10 месеци.

Ова Porsche 911 Sally Special има уникатна „Sally“ сина металик боја која е развиена само за овој проект. На задната страна на автомобилот има и специјална „тетоважа“ која се гледа само кога ќе се се подигне спојлерот.

Во Porsche сепак решиле да не одат до крај и некако да ги „бутнат“ карактеристичните светла од серијата 996 во сегашната 992, но затоа направиле специјални бандажи кои имаат пет краци и наликуваат на оние кои ги носи Сали во новото продолжение на цртаниот филм кој ќе пристигне во кината во септември.

Ентериерот исто така е променет со разни украсни детали, а има и натпис на кој пишува „Sally Special 001/001“ што јасно покажува дека ова е уникатен модел. Овде се среќаваме и со етикетите „Sally Carrera“ и логото на цртаниот филм Cars. Наместо натписот „drive mode“ на копчето на воланот пишува „Kachow! Mode“, што е термин што го користи главниот лик во цртаниот филм Lightning McQueen.

Моторот не е променет и развива 480 КС, што е доволно за забрзување до 100 km/h за само 3,9 секунди. Цената на оригиналната Carrera GTS во САД е 142.600 долари, но Porsche се надева дека ќе собере многу повеќе со продажба на овој автомобил на аукција.

ФОТО ГАЛЕРИЈА

[useyourdrive dir=”15G-2x5CzQX8tMHU-FL2jlGM2ZABofrrI” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]

Целата сума ќе биде поделена помеѓу здружението Girls Inc. кое помага на младите девојки низ САД и Канада и на UNHCR со цел да им се помогне на 6,2 милионите бегалци од Украина.