Паркирањето и излегување од паркингот е вистински тетрис во живо

Во еден од реоние на тајландскиот главен град, Бангкок, се наоѓа „најлудиот“ паркинг во светот. Многумина сакаат да паркираат токму на овој паркинг, но за да успеат во тоа потребни се навистнина многу вештини, досетливост… како  на пример додавање на „тампон“ на задниот браник, за да неможе друг автомобил буквално да се залепи до браникот. На овој паркинг не е дозволено автомобилот да се остави со подигната рачна сопирачка, за да може да биде подбутнат ако е потребно за да се направи пат за друг автомобил.

Зошто овој паркинг е толку популарен меѓу возачите на Бангкок? Причината е едноставна – тој е еден од ретките кои се бесплатни во главниот град на Тајланд. За останатите се плаќа околу 50 денари на на час, што очигледно е многу за локалното население. Како резултат, паркирањето е како да играте тетрис.

https://youtu.be/DvwxHyk8ibg