Штрајкот во Унгарија го прекина производството и во Германија

Штрајкот во фабриката на Audi во Ѓер (Унгарија) доведе до прекин на производството и во главната фабрика на компанијата во Инголштад (Германија). Причината е во тоа што покрај моделите А3, ТТ и К3, во унгарската фабрика се произведуваат и погонски агрегати и компоненти за другите на брендот.

Вработените во Ѓер инсистираат на значителен пораст на платите. Според претставник на синдикатот, унгарската фабрика вработува околу 14.000 луѓе, што ја прави една од најголемите фабрики на Audi во светот. Меѓутоа, преговорите меѓу претставниците на работниците и менаџментот на компанијата барем засега не даваат резултат.

Од Audi се подготвени да ги зголемат платите на своите унгарски вработени за 20%, но дури за 2 години. Синдикатот, пак, инсистира на 18 отсто, но оваа година, посочувајќи дека платите во фабриката на компанијата во Словачка се за 28 отсто повисоки отколку во Ѓор.

Во фабриката во Инголштад се произведуваат хеџбекот А3, сите верзии на А4 и А5, како и компактниот кросовер Q2.