Најинтересниот мост кој поврзува две земји? Два минијатурни острови на река и оаза од соништата!
Двата острова се во сопственост на еден човек, а тој решил да ги поврзе со мост долг 9,7 метри
Најинтересниот мост кој поврзува две земји? Можеби и не е овој кој е тема за овој напис, но како и да е секако е добар кандидат. Се наоѓа во регионот Thousand Islands на реката Свети Лоренс, која ги дели Канада и американската сојузна држава Њујорк.
Групата од 1.800 острови во реката е поделена меѓу двете држави, при што Канада има право на две третини од островите, а САД на другиот. Еден од островите се вика Завикон, има убава куќа, карпеста плажа и неколку дрвја. Во близина е мал остров каде што нема објекти за живеење. Двата острови се во сопственост на еден човек, а тој одлучил да ги поврзе со мост долг 9,7 метри, пишува Atlas Obscura. Куќата е во Канада, а малото излетничко место од другата страна на мостот е во САД.
Некои соседи спорат дека малиот остров е во САД и тврдат дека е во Канада, но засега нема потврда за нивните сомневања. Двете земји и онака не се расправаат за сопственоста. Дека е интересно и привлечно, секако е.