Падот на перформансите на топло време е речиси невозможно целосно да се спречи, но тоа не значи дека има проблем со вашето возило

Исто како и луѓето, автомобилите тешко поднесуваат топлина или екстремни температури. Во зима, потребно е повеќе време за сите течности и делови во моторот да достигнат работна температура, што ја зголемува потрошувачката на гориво. А во лето? Нема проблеми со постигнување на работната температура, но има со ефикасноста на моторот, односно постигнување моќност.

Моторите се потпираат на правилниот сооднос воздух-гориво за да работат ефикасно. Премногу или премалку гориво е проблем, а ECU (контролната единица на моторот) ја следи количината и квалитетот на воздухот што влегува во доводот и го прилагодува горивото. Ладниот воздух е погуст од топлиот. Тоа значи дека во лето моторот вшмукува воздух со помал волумен на кислород, согорувањето во цилиндрите не е оптимално и затоа има загуби во моќноста.

Падот на перформансите на топло време е речиси невозможно целосно да се спречи, но тоа не значи дека има проблем со вашето возило. На перформансите влијае и употребата на клима уредот, но секако тешко е да се вози и управува автомобилот кога во кабината температурата е 60 степени, зарем не?