Кинеските авиокомпании деновиве изведоа четири тест летови користејќи ги услугите на аеродромот Даксинг во Пекинг, кој се уште е во фаза на изградба, а кога ќе биде завршен и пуштен во употреба во подоцна оваа година година, ќе биде еден од најфреквентните во светот, според очекувањата на локалните власти

Меѓународниот аеродром Даксинг (Daxing International Airport) располага со осум писти за полетување-селтување, а кои деновиве беа тестирани од квартет авиони од страна на локалните авиокомпании.

Кинеската новинска агенција Xinhua објави дека составот на тест авиони се состоел од неколку различни авиони со Airbus и Boeing ознаки. Боите на европскиот производител на авиони ги бранел модел чие производство неодамна е завршено, Ербас А380.

Следните тестови се закажани за август и септември оваа година, а церемонијата на отворање на комплексот е најавено за некој ден пред 30 септември, кога Даксинг и дефинитивно ќе стане оперативен.

Властите предвидуваат дека ставањето во употреба на аеродромот Daxing значително ќе ги растерети другите два аеродроми во главниот град, исполнувајќи го зацртаниот капацитет од 45 милиони патници годишно до 2021 година.