Најекстремната Mercedes G-класа подготвена за производство
Бруталниот 4х42 ги минува последните тестови
Верзијата на Mercedes G-класа, наречена 4х42, дефинитивно беше исклучително добро прифатена од клиентите и иако првиот модел кој својот животен век го започна како едноставен шоу-прототип, прегледите беа толку позитивни што Daimler брзо започна со производство.
Ограничениот број единици од G-класата 4х42 сè уште се достапни за клиентите, но тие се базираат на постарата генерација на овој врвен теренец. Сепак, компанијата активно работи на нова верзија, која очигледно е во завршна фаза и пред портите на фабричките производствени ленти. Ова барем го покажуваат шпионските фотографии објавени од Carscoops.
Фотографиите се направени на подрачјето на легендарниот Нирбургринг во Германија, а теренецот ги извршува своите вообичаени задачи: екстремна брзина и тестови за терен. Сликите покажуваат дека идниот Mercedes G-Class 4х42 не e premnogu kamufliran и многу од главните детали на овој SUV модел се веќе јасни.
Всушност, сериозно замаскирани се само масивните лакови на тркалата и визирот на багажникот, можеби за да не натераат да претпоставиме дали ќе бидат карбонски или не. Она што воопшто не се крие е преубавата сина боја на каросеријата, како и црната решетка и трепкачите.
Деталите за суспензијата на новиот SUV се исто така многу јасни, бидејќи очигледно ќе се потпира на многу алуминиумски компоненти. Ова очигледно ќе помогне да се олесни конструкцијата на машината, а да се се зачуваат спортските карактеристики на G-Class 4 × 4², кој и покрај 40 cm клиренс, од 0 до 100 km/h забрзува за околу 6 секунди.
Во оваа фаза се шушка дека новиот „коцкест“ теренец го развива филијалата AMG поделбата и ќе биде лансиран како нивен модел. Како поддршка на ова е фактот дека G-Class 4х42 ќе користи V8 twin-turbo единица од AMG. Официјалните карактеристики на агрегатот сè уште не се познати, но се шпекулира дека тој може да биде помоќен отколку во првата генерација, каде бројката беше 420 КС.
Нема официјални информации за тоа кога ќе биде лансиран новиот модел, но се очекува тоа да се случи пред крајот на оваа година.