Opel објави фотографии од рестилизиранта Astra за 2020 година. Она што прави разлика со претходникот е под капакот на моторот

Благодарение на одличната аеродинамика, како и на високо ефикасните нови мотори и пренос од PSA, новата генерација на Opel Astra поставува стандарди за ефикасност и ниски емисии. Од Opel велат дека во споредба со претходниот модел, количеството на CO2 е намалено до 19 проценти, со што Astra веќе е на врвот во компактната класа.

Новиот модел е поефикасен благодарение на новите PSA базирани 1.2-литарски со три цилиндри бензински мотори и 1.5-литарски со четири цилиндри дизели, како и новиот автоматски менувач со девет степени на пренос. Освен тоа, Astra добила и водечка технологија и опрема.

Зборувајќи за моторите, големата вест е додавањето на новата 1.2-литарска 3-цилиндерска турбо бензинска единица од PSA, која е достапна во три верзии на моќност: 110 КС и 109 Nm, 130 КС (128 КС) и 225 Nm и 145 КС (143 КС) и 225 Nm.

Секоја верзија е поврзана со новиот PSA 6-брзински мануелен менувач како стандард, а прелиминарните WLPT податоци за потрошувачката на гориво покажуваат комбинирана потрошувачка на гориво 5,3 l / 100 km со соодветни емисии на CO2 од 120 g/km.

Кога станува збор за дизелите, Astra ќе биде достапна со нов 1.5-литарски 3-цилиндерски common-rail дизел мотор достапен во две варијанти. Влезната единица е со моќност од 105 КС и 260 Nm вртежен момент, а помоќната верзија е со моќност од 122 КС и вртежен момент од 300 Nm.

Основниот мотор доаѓа само со 6-брзински мануелен менувач, а за помоќниот опционална можност е автоматски менувач. Не е изненадувачки дека дизелите се најекономични, со просечна потрошувачка на гориво според WLTP 4.4 l / 100 km и 117 g/km CO2.

Од компанијата велат дека прецизниот развој во воздушен тунелот придонел за намалување на потрошувачката на гориво и емисиите на CO2. Како резултат на тоа, новата Astra е една од најаеродинамичните компактни автомобили на пазарот. Со 0,25 CD, Sports Tourer припаѓа на автомобили со најниска стапка на коефициентот на аеродинамика во светот, додека хечбекот со пет врати води во класата со 0,26 Cd.

Opel го подобрил и нивото на удобност во Astra со поставување на нови амортизери и опции како индуктивно безжично полнење за паметни телефони, високо квалитетен звучен систем Bose и греење на ветробранскотo стакло.

Што се однесува до технолошкиот дел, Astra 2020 добила нова дигитална предна камера која ги препознава возилата, пешаците и сообраќајните знаци, како и помоќна камера за позади која работи заедно со новиот Multimedia Navi Pro инфозабавен систем.

Opel вели дека мултимедијалниот интерфејс е попаметен, побрз и поинтуитивен додека нуди компатибилност со Apple CarPlay и Android Auto. Клиентите можат да изберат помеѓу три верзии: Multimedia Radio, Multimedia Navi и Multimedia Navi Pro

ВИДЕО