Новиот светски рекорд во дрифт е поставен од страна на Јохан Шварц со BMW M5 од најновата генерација, за што биле потребни осум часа непрекинато пролизгување

Шварц, кој е еден од професионалните инструктори на BMW Performance Driving школата, значително го надминал претходниот најдобар резултат (кој исто така е негово дело) поставен во 2013 година во должина од 82 километри. Претходниот рекорд е поставен со претходната генерација на М5.

За повторно да се запише во книгата на рекорди на Гинис, Јохан Шварц извозел повеќе од 2.000 круга на полигонот на BMW Performance центарот во Јужна Каролина, САД. Во таа прилика, поминал точно 374,17 километри за што му биле потребни осум часа.

Интересно, за време на возењето, направен е уште еден подвиг. Поради високата потрошувачка на гориво, во специјално модифициран отвор на резервоарот на BMW M5 пет пати било долевано гориво од друго BMW во движење. Ова се случувало додека двете возила паралелно дрифтале на мало растојание, па затоа и неколку пати имало контакт помеѓу автомобилите.

Во текот на возењето постигнат е уште еден рекорд – најдолг дрифт на два автомобили во пар 63,16 километри).

Новото BMW M5 беше претставено на саемот во Франкфурт во септември минатата година. Погонот е 4.4-литарски M TwinPower Turbo V8 мотор кој произведува 600 КС (441 kW), додека максималниот вртежен момент од 750 Nm.
Кога станува збор за перформансите, тие се навистина импресивни. Од 0 до 100 km/h, новиот BMW M5 забрзува за само 3,4 секунди, додека за забрзување до 200 km/h му се потребни 11,1 секунди.

Автомобилот доаѓа стандардно со електронски ограничена максимална брзина од 250 km/h, а ограничувањето опционално може да се зголеми до 305 km/h ако некој клиент го нарача возилото со опционалниот М возачки пакет.