Најдобар септември во историјата за Lamborghini
Италијанскиот производител минатиот месец остварил рекордна продажба
И покрај корона кризата, продажбата на Lamborghini оди одлично. Така, овој производител на супер спортски автомобили во септември испорачал 738 возила на клиенти ширум светот со што е срушен претходниот месечен рекорд.
Третото тримесечие од оваа година (јули-септември) исто така било одлично. Во тој период се продадени 2.083 автомобили.
За да може Lamborghini да го собори сопствениот годишен рекорд во однос на продажбата, треба да го надмине резултатот од 2019 година, кога до клиентите испорачал 8.205 возила за една година.
Lamborghini беше меѓу првите автомобилски компании кои привремено го прекинаа производството оваа пролет поради пандемијата на корона вирус. Работниците се вратија на работа по пауза од седум недели, за компанијата набрзо потоа да ги претстави трите новитети во својата понуда: Huracan RWD Spyder, Sian Roadster и Essenza SCV12. Во тој период, Lamborghini забележа уште два значајни резултати – производство на 10.000-от примерок од моделите Urus и Aventador.