Honda го повлече својот модел со високи перформанси Civic Type R, поради загриженост во врска со упатството за употреба

Имено, производителот е загрижен поради можноста некои примероци кои веќе стигнале до новите сопственици, да не се опремени со сеопфатни инструкции, како и комплетно упатство за користење.

Покрај тоа, можно е некои продадени единици и воопшто да немаат такво упатство.

Според јапонската компанија, достапноста на неточни информации во упатството за употреба може да доведе до неправилно користење на поедини опции со кои располага Civic Type R или на пример, погрешно да протолкуваат како се користат безбедносните каиши, Isofix точките за детски седишта или пак погрешно да ги разбираат предупредувањата што ги дава информативниот систем на возилото.

Вкупниот број на засегнатите возила е 23, а овие единици се продадени во интервал од 23 јули 2017 година до 11 мај 2018 година.

Honda ќе го контактира секој сопственик веднаш кога ќе подготви доволен број на целосни прирачници, што се очекува да се случи до 7-ми јануари следната година.