Најбрзото електрично Ferrari чини нешто помалку од 100.000 евра, но не е она што мислите / ВИДЕО
Приватната патека на Ferrari, La Pista di Fiorano, слави половина век постоење, а сега на неа пристигна и првиот електричен спортист
Станува збор за Ferrari 250 Testa Rossa, но во малку поинаков размер и со електричен погон. Кога ќе каже дека зад овој автомоил стои компанијата Little Car, работите стануваат појасни. Во секој случај, малкумина очекуваа дека овој мал автомобил ќе стигне до познатата патека.
Тој на патеката е донесен од Top Gear и Оли Кју зад воланот. Бидејќи Ferrari го одобрил производството на ваква реплика, се создала и можноста овој мал автомобил со слаб погон да се појави во друштво на најбрзите во светот и да го тестира овој речиси свет асфалт.
Станува збор за 16.2 КС максимална моќност и максимална брзина од 80 km/h. И за разлика од Baby Bugatti, оваа играчка е значително поспособна за маневрирање, вели Кју. Имајте на ум дека оваа оригинална реплика чини дури 94.000 евра.
„Многу е стабилен и има некои од карактеристиките на голем спортски автомобил“, објаснува Кју. Истовремено, предупредува дека наглото ослободување на гасот ќе доведе до подуправување, а доколку се претера со гасот, тоа ќе доведе до преуправување. За пофалба се и сопирачките, вели тој.
Рекордот за круг го држи F1 болидот на Ferrari од 2004 година, управуван од Михаел Шумахер со време од 1:19 мин. Ова електрично Ferrari работата ја завршило за 2:26,97 мин, што е доволно за да биде првиот и најбрз електричен автомобил на патеката на Ferrari.
„Тоа не е најбрзиот автомобил, тој е непристојно скап за играчка, но е „најзабавниот електричен автомобил“, заклучува Top Gear.