И додека бестселерот на Volkswagen е неприкосновен на европскиот пазар, тогаш на глобално ниво таа титула ја носи веќе добро познатиот „Јапонец“

Најпродаваниот модел во светот за првите шест месеци од 2020 година е Toyota Corolla.

Во годината во која било која индустрија, па и автомобилската трпи огромни загуби, јапонскиот производител сепак успеал да задржи добар дел од клиентит кои купуваат компактни возила. Имено, во периодот јануари-јуни, ширум светот се испорачани 502.949 примероци од моделот Corolla, со релативно мал пад на годишната продажба (споредено со некои конкуренти), кој изнесува 15,4%.

Според податоците објавени од специјализираната страница focus2move.com, вториот најбаран модел во светот во првата половина од 2020 година бил Ford F-серија (продадени 434.791 возила, пад од 19,3%), додека на третото место е уште една Toyota, моделот RAV4 (425.800 примероци; -4,4%). Следуваat Honda Civic (305.803; -26,2%) и Chevrolet Silverado (294.263; + 2,3%).

Останатите пет места во најпродаваните 10 модели на глобално ниво се за Honda CR-V (292.119; -23,2), Ram pick-up (283.672; -18,2%), Toyota Camry (275.360; -21.7%), VW Tiguan (261.874; -30%) и VW Golf (215.084; -40.3%), кој веќе известивме, сè уште е европски бестселер.