Ажурираниот Tiguan, Volkswagen го престави во јули минатата година, додека рестилизирана верзија на Tiguan Allspace ќе биде премиерно прикажана подоцна овој месец

Рестилизираниот Tiguan Allspace е 20 cm подолга верзија со седум седишта, а премиера ќе се случи на 12 мај.

Како и стандардниот Tiguan фејслифт, така и обновениот Tiguan Allspace ќе добие модифициран преден дел, со стандардни LED светла и нова решетка, заедно со модифициран браник.

Мали измени ќе има и во задниот дел (светла со нова графика, натпис Tiguan под логото на VW и модифициран браник), како и модернизација на ентериерот (нов мултифункционален волан, редизајнирана централна конзола, материјали со повисок квалитет, дигитални инструменти, инфо-забавен систем со 8 или 10-инчен екран, амбиентално осветлување со 15 бои, аудио систем Fender Premium со 480 вати).

Меѓу другото, опремата вклучува адаптибилен темпомат и Travel Assist систем за полуавтономно возење.

Во гамата се очекува и plug-in хибридна варијанта со 180 kW / 245 КС.